Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипар пред банкрот?

Кипар пред банкрот?

 Кипар може да банкротира ако во рок од неколку дена не постигне спогодба за помош со меѓународните кредитори, изјави секретарот во кипарското Министрство за финансии Кристос Патсалидес.

Тој вели дека Кипар мора да обезбеди меѓу 250 милиони и 300 милиони евра, во спротивно поради неможноста за враќање на заемите,  државата е пред сериозен ризик од банкрот.

„Владата на Кипар нема „план Б“ во случај да не успее да постигне спогодба со меѓународните кредитори“, изјави Патсалидес.

Во меѓувреме кипарската влада планира намалувања во пензиските фондови и другите средства на полувладините организации, бидејќи во моментов нема друг начин како да обезбеди пари. Според Патсалидес, на Владата и се потребни вкупно 420 милиони евра, од кои 170 милиони веќе се обезбедени од „надворешни извори“.

Кипар во јуни побара пакет помош, откако двете најголеми домашни банки, кои во голема мера беа изложени на долговите на грчките банка, побараа помош бидејќи не успеале да ги исполнат новите прописи за нивото на капитал на банките во Европската унија.

Слично

Поврзани вести