Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипар постигна согласност со тројката за реформите во банкарскиот сектор

Кипар постигна согласност со тројката за реформите во банкарскиот сектор

Централната банка на Кипар и тројката меѓународни кредитири, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд постигнаа начелна согласност по условите за рекапитализација на кипарските банки и за реформи во финансико-банкарскиот сектор, изјави портпаролот на Банката, Алики Сталиану.

- По тешките и долги консултации Централната банка се согласи за сите прашања на финансискиот сектор на Кипар, истакна Сталиану.

Според неа тоа е основа за обновување на стабилноста и довербата кон банките во земјата.

Двете страни во саботата се договориле за коефицинетот на највиското ниво на капиталот во банките, а потеницрана е и неопходноста Централната банка и Министерството за финансии да бидат ставени под надзор. За следната година тој коефициент ќе изнесува девет отсто.

Постигната е согласност и вкупната сума за рекапитализација на водечките банки во земјата и рефинансирањето на долговите на кипарската Влада да не надминат десет милијарди евра.

Засега се уште не е решено прашањето за износот на програмата за финансиска помош. Европските експерти претпоставуваат дека целиот пакет финансиска помош за Кипар ќе изнесува меѓу 11 и 16 милијади евра.

Слично

Поврзани вести