Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипар под притисок, се воведува данокот на банкарски депозити!

Кипар под притисок, се воведува данокот на банкарски депозити!

Постигнат е договор меѓе владата на Кипар и тројката меѓународни кредитори за еднократно оданочување на депозитите во кипарските банки во вредност од над 100 илјади евра, соопшти вечерва анонимен висок претставник на кипарските власти.

Според првичните информации депозитите во водечката кипарска банка „Банк од Кипар“ ќе бидат оданочени со данок од 20 проценти,  а депозитите во останатите банки во земјата со 4% данок, пренесе БТА.

Кипарските власти се откажаа од намерата за национализирање на приватните пензиски фондови, како дел од мерките за собирање на средства во замена за добивање на спасувачки пакет од ЕУ и ММФ.

Ваквите мерки се носат под силен притисок, во спротивно земјата може да се соочи со банкрот. Уште синоќа Кипар направи прв широки чекори кон спасувањето на државата, откако парламентот го одобри предлогот од Владата за нацрт-закон за заздравување на банкарскиот систем на земјата во рамките на спасувачкиот план кој Никозија треба да договори до понеделник со европските партнери, ако сака да избегне банкрот. Тој им дава на право на владата да ги реструктурира проблематичните банки преку изнесување на "лошите" активи во посебна структура или т.н. "лоша" банка која ќе биде предмет на ликвидација. Вонредната седница на парламентот синоќа беше прекината непосредно пред полноќ, без да се одреди датум или време за разгледување на останатите текстови поврзани со спасувачкиот план. Мудис го намали кредитниот рејтинг на три големи кипарски банки Во меѓувреме американската кредитна агенција „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на три големи кипарски банки поради ризикот од губење на нови депозити по отворањето на банките во вторник.

„Мудис“ ја намали оценката од Цаа2 на Цаа3 на кредитниот рејтинг на „Кипарската банка“, „Кипарската народна банка“ и „Хеленик банк“, со негативна прогноза на краток рок.

Аналитичарите оценуваат дека ризикот од банкрот на овие банки е голем поради неизвесноста на нивната докапитализација.

Слично

Поврзани вести