Кипар од Москва бара инвестиции во банкарскиот и енергетскиот сектор
Инвестиции во банкарскиот и енергетскиот сектор на земјата, а не дополнителни кредити бара Кипар од Москва, изјави кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис.
Сарис истакна дека каква помош и да добие Кипар од Русија таа ќе биде наменета за кипарските банки.
Тој изрази уверување дека нема пречки на преговорите со Русија и дека тоа едноставно е потребна работа.
Според Михалис Сарис Кипар бара можности да добие од Русија продолжување на рокот од пет години на постоечкиот руски кредит на земјата и намалување на неговата каматна стапка од 4,5 на 2,5 проценти.
Слично
