Кипар нема пари, бара Русија да почека уште 5 години
Кипар официјално побара од Русија да го одложи за 5 години плаќањето на кредитот во вредност од 2,5 милијарди евра, кои островската република ги зеде во 2011 година, објави кипарскиот министер за финансии Васос Шиарли, пренесе Ројтерс.
Кредитот беше доделен за период од 5 години, а со камата од 4,5% која беше пониска од потребната на меѓународните пазари за финансирање на Кипар во тоа време.
Земјата доживува акутна финансиска и буџетска криза и неодамна беше принудена да се обрати за спасувачка финансиска помош кон Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.Според последните проценки Кипар има потреба од 17,5 милијарди евра за да рекапитализира банкарскиот систем и да е во состојба да ги сервисира своите обврски.
Проблемите на островската држава се поврзани и со реструктуирањето на долгот на Грција бидејќи локалните банки поседуваат доста грчки државни обврзници чија вредност значително падна.
Слично
