Кипар на цедило, до март нема европска помош
Одлуката на министрите за финансии на еврозоната за доделување помош за Кипар може да се очекува во март, изјави денеска претседателот на еврогрупата Жан Клод-Јункер.
Првично шефот на Еврогрупата, која ги обединува министрите за финансии од еврозоната, се стремеше одлуката за Кипар да биде донесена во јануари.
Според аналитичарите, официјална Никозија има потреба од помош тешка 17,5 милијарди евра ако сака да избегне банкрот.
Слично
