Кипар ќе го враќа рускиот кредит со намалена камата
Договор за олеснување на условите на заемот од 2,5 милијарди евра потпишаа Русија и Кипар, што Москва и го позајми за Никозија во текот на 2011 година, пренесе АФП.
Според новите услови каматата на заемот ќе биде намалена од 4,5 отсто на 2,5 отсто.
Враќањето на кредитот ќе се изврши на осум рати што треба да бидат исплаќани на секои шест месеци, со почеток од 2016 година.
Слично
