Кипар ќе побара дополнителна помош од ЕУ
Кипар ќе побара дополнителна помош од Европската унија, изјави претседателот Никос Анастасијадис.
Тој истакна дека веќе зборувал за ова прашање со еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.
Анастасијадис додаде дека писмено ќе ги информира за ова барање и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и претседатечлот на ЕУ, Херман ван Ромпуј.
Министрите за финансии од еврозоната ќе се состанат денеска во Даблин, каде ќе разговараат за отпуштањето на првата транша од меѓународната помош за Кипар.
Слично
