Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИПАР ЈА СТАВИ И СИНОФАРМ НА ОДОБРЕНИ ВАКЦИНИ ЗА ВЛЕЗ: Оние кои се вакцинирани со оваа вакцина се ослободени од ПЦР и карантин

КИПАР ЈА СТАВИ И СИНОФАРМ НА ОДОБРЕНИ ВАКЦИНИ ЗА ВЛЕЗ: Оние кои се вакцинирани со оваа вакцина се ослободени од ПЦР и карантин

Од вчера Кипар ја додаде кинеската вакцина Синофарм на списокот на одобрени вакцини за влез во таа островска земја, а одлуката стапува на на сила од денеска, објави Министерството за транспорт, пренесува Cyprus Mail.

Кипар на тој начин им овозможува на патниците да влезат со важечки сертификат за вакцинација издаден во земјите членки на ЕУ, потоа Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, како и Израел, Русија, ОАЕ, Саудиска Арабија, Велика Британија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада и Кувајт.

Граѓаните на овие земји ќе бидат ослободени од задолжително тестирање и карантин.

Сертификатот за вакцинација се смета за валиден ако лицето примило една од вакцините одобрени од Европската агенција за лекови, како и руската Спутник V или кинеската Синофарм и ако поминале одреден број денови помеѓу последната доза и заминување за Кипар.


Слично

Поврзани вести