Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипар ги олеснува мерките за финансиска стабилност, бенефит имаат странците

Кипар ги олеснува мерките за финансиска стабилност, бенефит имаат странците
Кипарските власти ја тргнаа контролата врз паричните трансфери за меѓународните клиенти на четири странски банки кои имаат свои филијали во земјата, пренесоа американските медиуми. Лимитите за вадење пари од 300 евра на ден, се уште се во сила за локалните луѓе, објави БНР. Кипар ги воведе ограничувањата во март, за да го спречи одливот на пари, откако договори финансиска помош од 23 милијарди евра со европските партнери и Меѓународниот монетарен фонд. Условите на договорот предвидуваат сопствениците на големи депозити во двете најголеми банки во земјата да претрпат значителни загуби. Инаку првите три од вкупно девет милијарди евра од Европскиот механизам за стабилност во Никозија пристигнуваат уште овој месец. Кипар ќе добие уште една милијарда евра од ММФ, а дополнителни 6 до 10 милијарди евра Кипар треба да бидат собрани со експропријацијата токму на оние штедачите кои имаат повеќе од 100 илјади евра во банка.
Слично

Поврзани вести