Кипар ги крши принципите на доверба во банкарскиот систем
Кипарскиот преседан ги крши основните принципи на довербата во банкарскиот систем, смета помошничката на рускиот претседател за економски прашања и иден шеф на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина.
- Она што се направи со Кипар е опасен преседан, рече Набиулина, нагласувајќи дека граѓаните не се должни да плаќаат за грешките на законодавците.
Според неа, експропријацијата на делот на влогот на Кипар е кршење на основните правила на доверба. - Тоа дури е полошо и од банкрот на големи банки, смета таа.
Слично
