Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипар демантира дека ја продава кипарската Народна банка

Кипар демантира дека ја продава кипарската Народна банка

Кипарската Влада демантираше дека е постигната начелна спогодба за продажба на кипарската Народна банка на руски инвеститори.

Грчките медиуми јавија дека зделката за продажба на Народната банка била склучена денеска, оти таа е склучена во усна форма и оти страните се уште немаат ставено потписи.

Аналитичарите оценуваат дека доколку оваа зделка се реализира финансиските потреби на Кипар ќе се намалат за околу четири милијарди евра.

- Владата ги демантира информациите дека кипарската Народна банка била продадена на странски инвеститори, изјави владиниот портпарол Христос Стилианидис.

Слично

Поврзани вести