Кинезите, за една недела, потрошиле 142 милијарди долари
Од 1 до 7 октомври, во текот на неделата на одбележување на основањето на Народна Република Кина, 1. октомври, трговските ланци во Кина оствариле промет од 870 милијарди јуани (142 милијарди долари), пренесува Б92.нет.
Во овој износ влегуваат и заработувачките на рестораните и другите угостителски објекти.
Cпоред податоците на Министерството з атрговија, тоа е за 13,6 посто повеќе во споредба со минатогодишното одбележување на националниот празник.
Тој период се нарекува и „златна недела“, бидејќи тогаш се најголемите попусти во Кина. Дури и најскапите ресторани, во текот на таа недела, имаат големи попусти.
Слично
