Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИНЕЗИТЕ ПОВТОРНО ПРЕД СИТЕ: Ќе плаќаат за брза храна со препознавање на нивното лице!

КИНЕЗИТЕ ПОВТОРНО ПРЕД СИТЕ: Ќе плаќаат за брза храна со препознавање на нивното лице!

Американскиот ланец на ресторани со брза храна покренал во Кина футуристички систем на плаќање со препознавање на лице, што е технологија која се повеќе се користи во таа азиска земја.

Ланецот специјализиран за поховано пилешко на посетителоте во градот Хангжу им овозможил порачки да прават по пат на тач скрин екран при што не мора да ги вадат паричниците.

Угостителската група Јам, сопственик на KFC и Пица хат, соработувала со мобилниот систем на плаќање Алипеј, во сопственост на гигантот во електронската трговија Алибаба, во осмислување на технологијата.

Командниот терминал го споредува изгледот на клиентот со фотографијата на Алиплеј сметката и така одобрува плаќање. Кинескиот огранок Јам тоа го нарече „прв во светот“.

Управата на парковите во Кина во март им застана на пат на крадливиците на тоалет хартии во јавните тоалети со воведување на уред кој препознава лице и му доделува предвидена количина хартија на секој корисник.

Слично

Поврзани вести