Кинезите потрошија 14,3 милијарди долари само за еден ден
„Alibaba Holding Group Ltd.“ соопшти дека на 11 ноември, на денот на самците (Single's Day), компанијата реализирала продажба во вредност од 14,3 милијарди американски долари, пренесе „The Wall Street Journal“.
Резултатите на кинескиот онлајн трговец се за 54% повисоки од минатогодишните и ги надминуваат значително очекувањата на многу аналитичари, коментира весникот.
„Ова е голем ден, кој симболизира за големата сила на кинеската локална потрошувачка“, коментира Џек Ма, основач и извршен директор на трговскиот гигант.
Овие резултати уште еднаш ја докажуваат отпорноста на кинескиот корисник, покрај загрижувачки сигнали за забавување на економијата на земјата, коментира уште „WSJ“.
Слично
