Кинезите не смеат да патуваат во оваа земја, инаку ќе следат казни
Кина им забрани на своите државјани да патуваат во Тајван.
Властите забрануваат индивидуални патувања на своите државјани во Тајван, а на ваков чекор се одлучија поради лошите односи со властите на островот.
Во изјавата на Министерството за култура и туризам се наведува дека таквите патувања ќе бидат санкционирани почнувајќи од четврток, „со оглед на тековните односи меѓу двете држави“.
Во изјавата не се споменува прекин на групните патувања од кинеските државјани.
Кинеската Влада и компаниите нема да соработуваат со американските компании ангажирани со продажба на оружје на Тајван, беше објавено месецов.
Кинеското Министерство за одбрана претходно соопшти дека Кина е подготвена да
влезе во војна доколку „има луѓе кои ќе се обидат да го одвојат Тајван од
земјата“, обвинувајќи ги САД за поткопување на глобалната стабилност и
осудувајќи ја продажбата на американско оружје на островот што Пекинг со
смета за своја територија.
