Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинезите не го сакаат оризот од Тајван

Кинезите не го сакаат оризот од Тајван
Кинеска државна компанија го раскинала договорот за купување на повеќе од милион тони ориз од Тајланд поради истрагата околу субвенциите за тајландските производители. Тајландскиот министер за економија, Ниватумронг Бонсонгпаисан, изјави пред новинарите дека државната кинеска компанија Пеи Та Хуанг го прекинала договорот за купување на 1,2 милиони тони ориз, загрижена поради можните проблеми во врска со истрагата која ја води тајландската комисија за борба против корупцијата. Комисијата, минатиот месец, подигна обвинение против поранешни министри и некои државни официјални лица вклучени во преговорите за продажба на ориз на две кинески државни компании. Агенцијата, исто така, ја испрашува премиерката Јинглук Синаватра поради наводната непретпазливост како претседавач со Националниот одбор за ориз. Програмата за субвенции за одгледувачите на ориз е една од водечките програми на премиерката Јинглук, чија цел е да се привлечат гласовите на милиони земјоделци ширум земјата. Критичарите наведуваат дека политиката на купување на ориз од одгледувачите по цени над пазарните, довела до натрупување на загубите од најмалку 4,46 милијарди долари и дека е зафатена со корупција. Оризот е една од основните животни намирници на Тајланд и е еден од главните извозни артикли. Индија и Виетнам го поминаа Тајланд како водечки извозници на ориз во 2012 година, бидејќи тајландската влада ја складираше оваа намирница, со цел да избегне уште поголеми загуби. Владата не успеа да ја одржи ветената исплата на одгледувачите и последните недели илјада луѓе кои протестираа, ги блокираа патиштата во провинциите. Министерот рече дека владата ќе се обиде да продаде поголем дел од складираниот ориз за да го реши проблемот со задоцнетата исплата на субвенциите.   А.А.
Слично

Поврзани вести