Кинезите купуваат куќи на Кипар
Над стотина Кинези веќе имаат купено свои куќи во Кипар, благодарение на кипарскиот закон за недвижности, кој на странски купувачи им овозможува статус на траен престој, пренесува Frans pres.
-Кинезите не се толку заинтересирани за недвижностите колку што го сакаат Кипар. Тие овде сакаат постојан престој, изјавил Антонис Лоиз агент за продажба на недвижности.
Иако е Кипар членка на ЕУ од 2004-та не припаѓа на шенген зоната што значи дека постојаниот престој не гарантира слободно патување ширум европскиот блок.
-Најголемиот број на кинески инвеститори купуваат имот на брег или околу западното кипарско одмаралиште Пафос. Некои од нив сакаат на своите деца да им овозможат подобра иднина, да живеат во чиста средина и да учат во добри меѓинардони приватни училишта, изјавил Ван Хонг кој веќе подолго време работи и живее во Кипар.
Меѓутоа само неколку кинези до сега се одлучиле за постојан престој во Кипар, бидејки овој не гарантира работна дозвола.
Слично
