Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинезите ќе се офајдат: Европска модна компанија оди во нивни раце?

Кинезите ќе се офајдат: Европска модна компанија оди во нивни раце?

Сопствениците на европскиот моден бренд C&A разгледуваат можност за продажба на таа компанија на кинески инвеститор, наведува германскиот неделник „Шпигел“.

 „Шпигел“ се повикува на неименувани извори кои тврдат дека купопродажниот договор наскоро ќе биде заклучен.

C&A оперира во стотина малопродажни објекти ширум Европа, Латинска Америка, и Азија, а таа компанија е основана во Холандија во 1841 година од браќата Клеменс и Огуст Бренинкмејер, наведува АП.

Семејството Бренинкмејер и понатаму е сопственик на компанијата C&A преку холдинг компанијата со седиште во Швајцарија „Кофра Холдинг“ (Cofra Holding), која засега не одговорила на барањето за коментар.

Слично

Поврзани вести