Кинезите ја сакаат Европа, растат инвестициите во Унијата
И покрај должничката криза и рецесијата, кинеските компании Европската унија ја сметаат за подобра дестинација за инвестирање од Северна Америка.
Според кинеските инвеститори, ЕУ дури и подобро котира во однос на југоисточна Азија, во која живеат голем број Кинези, пренесе Танјуг.
„ЕУ се смета за привлечна за странски инвестиции, бидејќи нема многу пазарни бариери, ниту противања за вложувања од Кина врз основа на заштита на националната безбедност“, се наведува во извештајот на Трговската комора на ЕУ во Кина.
Во анкетата учествувале 74 кинески компании кои веќе делуваат во ЕУ. Околу 33 отсто од фирмите навеле дека Унијата е подобра за вложување од Северна Америка, 45 отсто сметаат дека условите се подеднакви, додека 21 отсто дека ЕУ е помалку добра за инвестирање.
Според кинеските официјални податоци, меѓутоа, во периодот од 2004 до 2010 година само пет отсто кинески странски инвестиции завршиле во Европа. Но минатата година, Кина во странство инвестираше 77 милијарди долари, што се за 28,66 отсто повеќе во однос на претходната 2011 година.
