Кинезите и Русите го движат светскиот туризам
Силното зголемување на странските патувања на Кинезите и Русите е моторот за раст на светскиот туризам во 2013 година. Ова го покажува извештајот за трендовите во светскиот туризам ( World Travel Trends Report ) .
Странските патувања на кинески и руски граѓани во текот на изминатата година се зголемија за соодветно 26 проценти и 12 проценти . Европските земји забележуваат повеќе умерен раст , односно во Германија зголемувањето е 2 отсто, а во Велика Британија - 3 проценти , посочи германската туристичка организација ITB .
Италија , Ирска и Шпанија , кои беа тешко погодени од економската криза на континентот , забележува пад . Вкупно светскиот туризам оваа година е зголемен за 4 отсто . Се очекува стапката да се задржи и во 2014 година.
Слично
