Кинезите и Индијците се повеќе пијат Coca-Cola
„Coca-Cola“ соопшти дека во третиот квартал остварила раст на профитот, благодарение на скокот на продажбата, и покрај тешките економски услови.
Компанијата наведува дека продажбата на глобално ниво е зголемена за два проценти, пред се благодарение на успехот на пазарите во развој како што се Кина, Индија и Русија, пренесува агенцијата АП.
Приходите, истовремено, се намалени за три проценти на 12,03 милијарди долари, поради структурните промени и неповолните девизни курсеви. Аналитичарите очекуваа приходи од 12,95 милијарди.
„Coca-Cola“ во третиот квартал заработи 2,45 милијарди долари, односно 54 центи по акција, додека во истиот период минатата година заработи 2,31 милијарда долари или 50 центи по акција.
Акциите на „Coca-Cola“ по објавувањето на овие вести се зголемија за 1,6 проценти на 38,51 долар.
Слично
