Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинезите го преземаа лондонското такси

Кинезите го преземаа лондонското такси
Симболот на Лондон, славното црно такси преминува во рацете на кинеската компанија „Gili holding grup“. Оваа компанија која во своја сопственост го има и Волво, денеска соопшти дека ја купи британската фирма Manganese Bronze Holdings, која со години ги произведуваше познатите британски такси возила. Од компанијата наведуваат дека британската фирма која што минатата година прогласи банкрот е купена  за нешто повеќе од 11 милиони фунти(17,5 милиони долари). Gili исто така  беше сопственик на 20 посто од акциите на британската фирма пред истата да отиде под стечај. Од новото споствеништво ветуваат одржување на брендот и вараќање на успехот. -Одлучни сме во намерата да го вратиме успехот на овој уникатен модел, изјавил претседателот на Gili Ли Шуфу.  
Слично

Поврзани вести