Кинезите бараат 300 странски стјуардеси
Кинеската авиокомпанија „Хаинан ерлајнс“ најави дека оваа година планира да вработи 300 стјуардеси од целиот свет во рамки на проширување на меѓународниот пазар.
Компанијата, која е четврт по големина авиопревозник во Кина, планира во наредните три години да го зголеми бројот на странски стујардеси за 30 одсто, пренесува Чајна дејли.
„Вработување на странски стјуардеси е резултат на ширењето на авиопревозникот на меѓународниот пазар“, изјавил генералниот менаџер на одделението за човечки ресурси Ванг Чиндонг.
Тој додал дека компанијата оваа година ќе добие и 25 нови авиони и ќе отвори 14 меѓународни рути, што бара и повеќе стјуардеси, посебно странки.
„Хаинан ерлајнс“ во текот на 2015 година вработил повеќе од 600 странски стјуардеси од девет земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Италија и Русија.
Слично
