Кинези сакаат да купат дел од зградата на Џенерал Моторс во Менхетен
Група кинески инвеститори, вклучувајќи Жанг Син, која раководи со Soho China Ltd најголемата компанија за изградба на деловен простор во земјата, водат преговори за купување на 40% од зградата на Џенерал Моторс во Менхетен, тврдат добро информирани извори, цитирани одРојтерс.
Зделката се проценува на 3,4 милијарди долари, што ќе го претвори во најскапата деловна зграда во САД, наведуваат изворите.
Продавачите се група инвеститори од Блискиот Исток, кои поседуваат 40% од зградата. Останатите 60% ги контролираат Boston Properties Inc., која плати 2,8 милијарди долари за да ја добие од Macklowe Properties во 2008 година
Жанг пројавува посилен интерес за имот во САД во споредба со другите големи кинески инвеститори кои генерално избегнуваат да купуваат недвижиности во земјата, и покрај активноста на други странски купувачи.
Семејството на Џанг доби 49% од Park Avenue Plaza во 2011 година за околу 600 милиони долари и беше меѓу групата инвеститори кои ја добија американската централа на Sony Corp. во Њујорк.
Зградата на Џенерал Моторс се смета за еден од најголемите елитните бизнис имоти во Менхетен. Таа се наоѓа во југоисточниот крај на Централ Парк, а на приземје и е сместена главната продавница на Apple Inc. Зградата располага со околу 186 илјади квадратни метри простор за изнајмување.
Слично
