Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинези ќе ја купуваат националната авиокомпанија на Кипар

Кинези ќе ја купуваат националната авиокомпанија на Кипар
Кипарската влада е блиску до договор за продажба на авиокомпанијата „Cyprus airways“ на кинески инвеститори, објавува електронското издание на кипарскиот грчки весник "Филелефтерос". За кипарската авиокомпанија голем интерес покажала кинеската „Yi Xiang Da Investment Co Ltd“. Утринава раководството на „Cyprus airways“ имало средба со претставници на кинеската компанија. Според информациите на "Филелефтерос" уште утре може да се постигне начелен договор по трансакцијата. „Cyprus airways“ доживува финансиски тешкотии во изминатите неколку години. Државата постојано ја помагаше компанијата, а во декември минатата година и одобри помош од 70 милиони евра. Европската комисија започна истрага за да разјасни дали помошта во согласност со европските закони, како и сомнежи за ефикасноста на програмата за реструктуирање на „Cyprus airways“.
Слично

Поврзани вести