Кинеските власти ќе отвораат слободна индустриска зона во Шангај
Кинеските власти прават обиди Шангај да го претворат во нов Хонг Конг, односно од него да направат, како логистички, така и центар на прекуокеанската трговија.
За таа цел, Државниот совет на Кина го одобри формирањето на пилот слободна индустриска зона во Шангај на површина од 28 квадратни километри која ќе служи како логистичи центар за давање на услуги, особено финансиски. Во таа зона ќе се понудат правни гаранции и даночни олеснувања за да се привлечат мултинационални компании кои се уште не се осмелиле да отворат претставништво во Кина.
Новата зона која е сместена во близина на пристаништето Јангшан треба да стане голем поттик за интернационализација на јуанот.
Слично
