Кинеските градови прогласуваат црвена тревога поради смогот
Најмалку 10 кинески градови објавија денеска црвена тревога поради загадувањето на атмосферата, соопшти „Франс прес“. Северна Кина беше покриена од густа магла и од штетни гасови по четврти пат во рамките на еден месец, забележува агенцијата.
Во источната кинеска провинција Шандун четири града прогласуваат за првпат тревога, откако концентрацијата на честички во атмосферата ги надмина дозволените нивоа за над 24 часа, пренесоа американските медиуми. Агенцијата за заштита на природната средина на Шандонг соопштила дека тревогата е прогласена утринава. Градинките и училиштата се затворени, а изградбата и уривање на згради треба да бидат запрени.
Локалните власти во реонот на Пекинг прогласија за прв пат „црвена тревога“ во почетокот на декември. Минатата недела повторно беше прогласена тревога и беа воведени вонредни мерки за ограничување на движењето, а фабриките запреа со работа, за да се намали смогот.
Метеоролошките служби во Пекинг во провинцијата Хебеј, сметана за една од најзагадените во Кина, објавија за првпат тревога во вторникот, по што во градовите во покраината беа воведени мерки.
Првата „црвена тревога“ во пристанишниот град Танцзин, кој исто така се наоѓа во близина на Пекинг, е прекината утрово откако беше на сила во текот на три дена.
