Кинеските царини проблем за европските производи
По пропаѓањето на преговорите со Пекинг, Европската Унија ја повика Светската трговска организација (СТО) да пресече во врска со антидампинг царините при увоз на европски челични цевки во Кина.
Од ЕУ повторија дека царините во Кина не се во согласност со прописите на СТО.
„Унијата продолжува да се бори против неоправданите кинески заштитни мерки во трговијата, кои не се во согласност со прописите на СТО и често се воведуваат како реакција на претходните спорови“, изјави еврокомесарот за трговиј0,а Карел де Гухт.
ЕУ преговараше со Пекинг во текот на месес јуни, а во рамки на СТО. Брисел и Пекинг се спорат околу низа проблеми, но Де Гухт наведува дека „пријателското“ решение постигнато минатиот месец околу европските антидампинг царини на увоз на кинески соларни панели може да помогне и во решавањето на останатите спорови. Билатерална трговија меѓу ЕУ и Кина само за минатата година изнесуваше околу 550 милијарди долари, покажуваат статистиките.
Слично
