Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинескиот премиер уверува: Опремата произведена во Кина е сигурна

Кинескиот премиер уверува: Опремата произведена во Кина е сигурна
Опремата произведена во Кина , е сигурна, може да им верувате на нашите производи, истакна кинескиот премиер Ли Кицјан на почетокот од економскиот форум во Букурешт , на кој учествуваат околу 200 претставници на кинескиот бизнис и над 800 претставници на бизнисот од земјите од Централна и Источна Европа . Кинескиот премиер посочи дека Кина е подготвена да инвестира со голема брзина, во телекомуникациите , аеродромите, пристаништата , атомски централи. „Сите главни економски показатели на Кина се во очекуваните вредности , Кина е добро позиционирана да ги постигне економските и социјални цели , следната година кинеската економија ќе биде на стабилна база кон долгорочен напредок“ , истакна Ли Кицјан. Тој потсети дека ЕУ е најголемиот трговски партнер на Кина и истакна дека е потребно зголемување на трговскиот обем меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа . Токму за таа цел во 2014 година претстои серија состаноци помеѓу министрите од Кина и од земјите од Централна и Источна Европа .  
Слично

Поврзани вести