Кинескиот извоз забележа скок кој ги надмина очекувањата
Кинескиот извоз минатиот месец забележа скок , кој е поголем од очекуваниот, со што се обнови надежта за стабилизација на втората светска економија по големина, пренесе „Ројтерс“.
Како што пренесува „Ројтерс“, извозот на Кина во јули се зголемил за 5,1 проценти во однос на истиот месец од претходната година, додека во јуни е забележан пад на вредноста на извозот за 3,1 проценти.
Исто така, стапката на раст на извозот во претходниот месец, ја надмина проценката на аналитичарите кои во просек предвидуваа раст од три проценти на годишно ниво.
Бидејќи увозот скокна за 10,9 проценти, што е за пет пати повеќе од очекуваното, трговскиот суфицит во вредност од 17,8 милијарди долари, остана под предвиденото ниво.
Слично
