Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинескиот гигант за интернет трговија „Алибаба“ излегува на берза во САД

Кинескиот гигант за интернет трговија „Алибаба“ излегува на берза во САД
Кинеската компанија „Алибаба“ ќе понуди свои акции на берзата во САД за да собере 15 милијарди долари. Групацијата е специјализирана за трговија преку интернет, една од најголемите во светот, а на нејзината платформа годишно се разменуваат стоки во вредност од на д 150 милијарди долари или повеќе од „Amazon“ и „E-bay“ заедно. „Групацијата ’Алибаба’ одлучи да почне процес на иницијална понуда во САД. Благодарение на тоа ќе стане меѓународна компанија и ќе ја унапредиме нашата транспарентност“, соопштила компанијата. Не се наведува времето и обемот на акциите, ниту берзата на која што ќе бидат понудени. „Алибаба“ ја започна својата активност како мала кинеска компанија која ги поврзуваше малите кинески производители со потенцијални купувачи од странство.
Слично

Поврзани вести