Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинескињата која ја направи најголемата финансиска измама на векот призна вина пред судот во Лондон

Кинескињата која ја направи најголемата финансиска измама на векот призна вина пред судот во Лондон


Кинеската државјанка Жимин Киан (47), позната и како Јади Жанг, се изјасни за виновна во она што се верува дека е најголемата заплена на криптовалути во светот, вредна повеќе од 6,7 милијарди долари. 
Таа се изјасни за виновна пред судот во Лондон за нелегално стекнување и поседување криптовалути. Помеѓу 2014 и 2017 година, таа извршила голема измама во Кина, измамувајќи повеќе од 128.000 жртви и конвертирајќи ги украдените средства во биткоини.
Метрополитенската полиција соопшти дека признанието на вината следело по седумгодишна истрага за глобална мрежа за перење пари. Истрагата започнала во 2018 година откако полицијата добила дојава за пренос на имот стекнат преку криминални активности. 
Таа избегала од Кина користејќи лажни документи и влегла во Велика Британија, каде што се обидела да ги испере украдените пари купувајќи недвижен имот. 
„Со признавањето на вината, г-ѓа Жанг се надева дека ќе им даде утеха на инвеститорите кои чекаат надомест од 2017 година и ќе ги увери дека значителниот пораст на вредноста на криптовалутите значи дека има повеќе од доволно средства достапни за да ги надоместат нивните загуби“, рече нејзиниот адвокат, Роџер Сахота од „Беркли Сквер Солиситорс“. 
Кијан имаше помош од кинеска работничка во продавница за храна за носење по име Џијан Вен, која беше затворена шест години и осум месеци минатата година за нејзината улога во криминалната операција. 
Кинескиот медиум „Лајфвик“ објави во 2024 година дека инвеститорите, претежно на возраст меѓу 50 и 75 години, вложиле „стотици илјади до десетици милиони“ јуани во инвестиции промовирани од Кијан. 
Таа е во притвор во исчекување на пресудата, чиј датум сè уште не е одреден.


Слично

Поврзани вести