Кинески купувач сака да ја преземе Пума: Акциите на германската компанија скокнаа за 14 проценти
Пазарната вредност на Анта Спортс е околу 31 милијарда долари, а акциите пораснаа за 10 проценти оваа година
Пума се соочува со предизвици и се реструктуира под водство на нов извршен директор за да постигне раст до 2027 година
Кинескиот производител на спортска облека Анта Спортс размислува за понуда за преземање на Пума, а акциите на германската компанија скокнаа за 14 проценти по веста.
Според анонимни извори, Анта Спортс соработува со советник за да ја процени понудата за Пума и би можела да соработува со приватен инвестициски фонд доколку одлучи да продолжи понатаму, објави Блумберг.
Anta Sports, a Chinese sportswear maker, is exploring a possible acquisition of Germany's Puma, according to Bloomberg News https://t.co/HgvGbOchd3 pic.twitter.com/4Kwp3uQ8gN
И други кандидати би можеле да покажат интерес за Пума, како што се кинескиот Ли-Нинг, кој веќе разговара со банките за потенцијално финансирање за трансакцијата, како и јапонскиот Асикс, додадоа изворите.
Анта Спортс, која поседува брендови како Фила и Џек Волфскин, забележа раст на акциите за 10 проценти оваа година и се проценува на околу 31 милијарда долари.
Германскиот производител на спортска облека „Пума“, пак, има слаби резултати, а новиот извршен директор Андреас Хуберт, кој ја презеде функцијата во јули, се обидува да ја реструктуира компанијата за да се врати на профит.
„Пума“ има за цел да се врати на раст до 2027 година и да се етаблира како еден од трите најголеми спортски брендови во светот.
Фото: Принтскрин/Икс