Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинеската инфлација продолжува да расте

Кинеската инфлација продолжува да расте

Кинеската годишна инфлација продолжува да расте 16-ти месец по ред, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Минатиот месец таа се зголеми за 2,7 отсто. Во мај потрошувачките цени пораснаа за 2,1 отсто на годишно ниво.

Во јуни најмногу скокнале цените на храната, за 4,9 отсто и одново биле главниот генератор на инфлацијата.

Во првите шест месеци од годината, цените пораснале за 2,4 отсто во однос на истиот период лани.

Кина за оваа година одреди целна стапка на инфлацијата од 3,5 отсто, во однос на минатогодишните реални 2,6 отсто.

Втората по големина светска економија порасна во минатата година за само 7,8 отсто, најбавно темпо за последните 13 години. Во првите три месеци од годината, активностите пораснале за 7,7 отсто.

Слично

Поврзани вести