Кинеската економија во опасна состојба – Владата го негира тоа
Втората по големина економија во светот - Кинеската, се наоѓа во опасна состојба, иако владата го негира тоа, пишува британскиот весник „Фајненшел тајмс“
Британскиот весник наведува дека Кина има јавен долг од приближно 200 проценти од својот бруто домашен производ.
Имено, кинескиот долг пораснал на 16,3 илјада милијарди долари, што е за два и пол пати повеќе од годишната вредност на БДП на Кина.
Како критична граница, според европските стандарди, се смета долгот да изнесува околу 80 отсто од вредноста на остварениот БДП. Кинескиот долг, според податоците на централната банка на Кина, пред пет години кога избила финансиската криза, изнесувал околу 70 отсто., но тој постојано расте. Минатите години Кина имаше годишен економски раст од 10,5 отсто.
Меѓу земјите кои од почетокот на глобалната кредитна криза беа во групата на високо ниво на долг беа САД,со долг поголем од сто проценти од БДП, потоа Италија, Грција,Јапонија, Велика Британија.
