Кинеската економија има големи проблеми, но уште не е во колапс!
„Крвопролевањето“ на кинеските берзи во последните неколку дена го шокираше финансискиот свет и предизвика масовна паника во врска со ситуацијата во втората по големина економија во глобални рамки, забележува во коментарот за ситуацијата во Азија „Washington Post“.
Но, иако во последните два дена кинеските акции потонаа сериозно и тоа е многу лош сигнал, работите се уште не врват кон колапс. Според експертите, пак, пазарите се потпираат погрешно на сигналите кои испраќа економијата на Кина.
„Инвеститорите реагираат премногу на економските ризици во Кина. Колапсот на капиталниот балон реално не ни зборува ништо за економијата на Кина“, коментира Џулијан Джесп економист во „Capital Economics“.
Според него податоците за другите големи економии се добри и воопшто ништо не укажува дека може да се врати глобалниот економски колапс.
Аналитичарите, цитирани од „Washington Post“, посочуваат уште дека врската помеѓу кинеските берзи и реалната економија е многу слаба, особено споредена со САД. На овој начин падот на пазарите не се гледа како системски ризик за банкарскиот сектор, објаснуваат од „Deloitte China“.
Но ако Кина сака да се врати кон одржлива траекторија на раст, ќе бидат потребни и реално функционални пазари, дополнуваат оттаму.
Обработка: И.Р
Извор: „Capital Economics“ и „Washington Post“
Слично
