Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина, земја од која извираат милионери

Кина, земја од која извираат милионери
Во следните пет години двојно ќе се зголеми бројот на милионерите во Народна Република Кина и таа земја ќе ја надмине Јапонија и ќе стане втора нација по богатство во светот, покажа новиот глобален извештај за висината на личното богатство. Според Извештајот на Истражувачкиот институт на швајцарската банка Креди Свис, во НР Кина во средината на 2012 година имало 964.000 милионери, а се очекува тој број дупло да се зголеми до 2017 година на 1,9 милиони како резултат на забрзаниот развој на приватниот сектор. Вкупното богатство на домаќинствата во НР Кина до средината на 2012 година се зголемило за 562 милијарди долари, или 2,9 отсто, на 20 билиони долари,покажал извештајот. Швајцарската банка прогнозира дека семејствата во НР Кина во следните пет години ќе го зголемат богатството за дополнителни 18 билиони долари, со што вкупното богатство од проектираните 38 билиони долари ќе ги надмине јапонските 35 билиони долари и до 2017 година таа земја ќе стане втора најбогата земја во светот, по Соединетите Американски Држави. Во извештајот се вели дека НР Кина во текот на последната деценија била најголем извор на ново богатство во Азиско-пацифичкиот регион, при што богатството на домаќинствата во земјата со 1,375 милијарди жители растело од 2000 година просечно 13 отсто годишно, дупло побрзо од просечната стапка на раст на глобалното богатство, која изнесува 5,8 отсто годишно. Според директорот на Креди Свис за истражување во Азиско-пацифичкиот регион Фан Чеук-Ван, претставувајќи ги резултатите, рече дека – богатството на кинеските домаќинства е во пораст благодарение на процесот на урбанизација и експанзија на приватниот сектор.  
Слично

Поврзани вести