Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина забрани изградба на владини згради во следните пет години

Кина забрани изградба на владини згради во следните пет години
Националниот совет и Централниот комитет на НР Кина издадоа директива со која се забранува изградба на владини згради во следните пет години. Ваквата одлука е насочена, пред се, кон борбата против корупцијата и расипништвото на државната администрација. Величествени владини згради никнаа ширум Кина, што предизвика бес меѓу граѓаните. Одлуката е дел од политиката на претседателот Ши Џинпинг кој започна кампања за намалување на помпата, формалноста и други непримерности меѓу високите функционери, што ги оддалечува од обичните граѓани.
Слично

Поврзани вести