Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина втора во светот по број на милјардери

Кина втора во светот по број на милјардери

Мината година во Кина имало 285 милјардери со вкупно богатство од 996 милијарди американски долари. Овие податоци ја рангираат земјата на второ место во светот по број на милјардери, покажуваат резултатите од последниот  попис на „ Wealth-X “, пренесуваат европските медиуми.

На прво место е САД со 705 милијардери со богатство од 3.013 трилиони долари, пишува бугарски портал.

Меѓу најпосакуваните градови за живеење на богаташите се Хонгконг, Пекинг, Шенџен и Хангжу, а водечки на светската листа е Њујорк.

Петте основни индустрии пак кои создаваат богаташи се банки и финансии, индустриско производство, недвижности, како и производство на храна и пајалаци, пренесуваат медиумите.

Мажите доминираат во богаташите во светот, при што на секој девети од нив, една жена е милјардерка.


Слично

Поврзани вести