Кина воведува 4,5-дневна работна недела
Кина е во процес на воведување на официјална политика за 4,5-дневна работна недела, во обид да ja зголеми домашната потрошувачка и трошоците поврзани со слободното време.
Чонгкинг е првиот град кој презема чекори во таа насока. Така жителите на 30-милионскиот град ќе уживаат во два и пол дена викенд. Властите во Хебеј и Дзjaнси исто размислуваат да ја скратат работната недела.
Идејата е дел од националниот план за зголемување на потрошувачката во земјата. Таа беше одобрена од Државниот совет во август. Очекувањата се откако луѓето ќе имаат повеќе слободно време, ќе трошат повеќе и ќе ја стимулираат економијата.
Поголемиот дел од приходите во Кина се трошат за облека, храна и стока за дома. Од Владата веруваат дека постои можност за поголема потрошувачка на стоки и услуги поврзани со слободното време и забавата.
Во летните месеци се очекуваат и поголеми приходи од домашниот туризам благодарение на повеќето слободно време.
Иако постојат некои стравувања од владата велат дека половина ден повеќе одмор не значи автоматски помалку работа, бидејќи работниците ќе ги завршуваат задачите. Секоја компанија ќе има можност да владее сама со шемата за работното време на вработените во согласност со условите, пишува Agenda.weforum.
Кина не е сама во таа идеја. Голем број на технолошки компании воведоа 4-дневна работна недела. Според истражување кај дел од фирмите се забележува зголемување на приходите и подобра продуктивност поради задоволството од долгото време за одмор.
