Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина во поход, ги заштитува своите патенти!

Кина во поход, ги заштитува своите патенти!

До крајот на 2012 година Кина имала 435 илјади легитимни патенти (не сметајќи ги оние од Хонгконг, Макао и Тајван), што претставува просек од 3,23 патенти на секои 10.000 Кинези, пренесе Кинеското радио интернасионал (КРИ).

Властите на Кина во 2011 првпат ги ставија патентите во Петгодишната програма за национален економски и општествен развој (2011-2015), а  целта е бројот на патенти на 10.000 Кинези до 2015 да достигне 3,3 парчиња.

Државниот завод за заштита на интелектуалната сопственост во 2012 година одобри 1,26 милиони патенти за домашни и странски подносители на барања, што, според податоците на заводот, е за 31,25 отсто повеќе во однос на 2011 година.

Слично

Поврзани вести