Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИНА ВЛЕГУВА ВО БИТКА ПРОТИВ КАЛИФАТОТ: Авиони носачи веќе пред Сирија!

КИНА ВЛЕГУВА ВО БИТКА ПРОТИВ КАЛИФАТОТ: Авиони носачи веќе пред Сирија!

Нагодувањата како Кина одлучила активно да се вклучи во настаните во Сирија добија и своја потврда кога во сирискиот град Тартус, каде се наоѓа и руската поморска база, допловил кинески носач на авиони.

Со уште еден кинески ракетен чамец кој му е во придружба, носачот претставува јадро на кинеската борбена експедиција која во следните денови би требало да почне со борбени дејствија против ИСИЛ.

Со ИСИЛ од една страна, и западната коалиција предводена од САД од друга страна, сега на сириското боиште се создава, голема „источна коалиција“ која ја опфаќа Русија, Кина, Сирија, Ирак и Иран, што на големо ќе ги промени силите и односите на боиштето.

Според изввор од западните разузнавачки служби, во Сирија наскоро доаѓа и додатна ескадрила на ловецот  J-15 од кои дел ќе полета со носачите, додека останатите ќе бидат сместени во руската воена база недалеку од Латакија. Очигледно е како Кина се спрема за долготрајно престојување во Сирија бидејќи Пекинг планира и разместување на борбени хеликоптери З-18 на тој контингент од најмалку 1000 кинески марини, кои , заедно со руски и ирански војници, ќе се борат во копнени операции против ИСИЛ во Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин како неформален лидер и клучна личност во овој новосоздаден воен сојуз ќе разговара овие денови со Барак Обама за можна соработка на терен и координација на акции, но тие разговори нема да бидат едноставни.

Иако и западната и источната коалиција имаат иста цел, уништување на исламскиот калифат и разбивање на исламистичките сили во Сирија и Ирак, гледиштата на Истокот и Западот за иднината на Сирија после војната се целосно поинакви. Русија како легитимна власт во Сирија го гледа само својот сојузник Башар ал Асад, додека Западот ги поддржува секуларните бунтовнички сили и Слободната сириска војска која во последните година дена целосно е незабележлива на терен.

Влегувањето на Кина во воениот сојуз е јасен знак како Пекинг внимателно го гради својот геополитички статус претворајќи се во глобална воена велесила.

Пристаништето Тартус не случајно е изберено за база на кинеските носачи авиони - во овој град во јужна Сирија уште од 70-тите години се наоѓа руската поморска база со своја потребна инфраструктура за опремување на големи воени состави како што е носачот. Сепак, и покрај проценките на разузнавачките служби и најави за допрема на нови ударни групи, вистинската улога на кинескиот ангажман на сириските боишта не е уште целосно јасен. Имено, се работи за воена операција на другиот крај на светот, со што Пекинг нема никакво искуство, а што е исклучително логистички и организациски сложено. Посебно кога се знае дека Кина, во воена смисла, „на отворено море“ излезе дури пред неколку години преуредувајќи го половниот носач на авиони купен во Украина.

Во следните неколку недели ќе се покаже колку длабоко Кина ќе згази во сирискиото боиште,но јасно е дека како членка на источната коалиција засигурно ќе допринесе на напорите на Москва, Техеран и Дамаск во разбивање на исламистите, не само воено туку и политички.

Слично

Поврзани вести