Кина: Вашингтон итно да преземе мерки за спречување должничка криза
Кина денеска го повика официјален Вашингтон да превземе одлучни потези за да спречи должничка криза и да им загарантира сигурност на кинеските инвестиции.
Ова е прва официјална реакција на Пекинг на политичката пат позиција во САД, поради која државата наскоро можеби нема да биде во состојба уредно да ги сервисира своите долгови.
Секако дека Кина, која е најголем кредитор на американската влада, ја загрижува развојот на настаните во поглед на фискалниот гребен, истакна помошникот кинески министер за финансии, Зху Ганг-гjао, во првата јавна реакција на кинеската влада на приближувањето на крајниот рок од 17 октомври, за кревање на лимитот на задолжување.
Американската влада влезе во втора недела на блокадата поради неможност за договор околу буџетот, а крајот на таквата состојба не се наѕира со оглед дека пред Конгресот е уште една тешка задача, а тоа е постигнување на договор за кревање на лимитот на задолжување.
Слично
