Кина троши најмногу злато
Кина го презеде приматот од Индија како на најголем потрошувач на злато, пишува весникот „Financial Times“. Статистичките податоци покажуваат дека лани побарувачката за злато во Кина пораснала за цели 32 проценти во однос на 2012-та година и достигна до 1.189 тони.
Побарувачката на злато, пак, во Индија лани достигна 987,2 тони, што е зголемување од пет проценти во однос на претходната година.
Најголем дел од златото потрошено во Кина завршило во кинеската индустрија за накит, која лани преработила 724 тони злато или за една третина повеќе во однос на 2012-та година.
Слично
