Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина стави крај на уривањето, берзите стабилни

Кина стави крај на уривањето, берзите стабилни

Со загриженост берзанските учесници го набљудуваат отворањето на берзите во Кина во понеделникот, откако тие останаа затворени во четвртокот и петокот поради прославата на крајот на Втората светска војна. Од средината на јуни капиталните пазари паднаа драстично и покрај серијата владини мерки за поддршка на економијата. Изненадувачката девалвација на валутата во средината на август, исто така ги подгрева грижите дека втората по големина економија во светот може да биде значително помала од очекуваното.

Кина се обидува да ги неутрализира стравувањата за континуираната нестабилност, која може да се прошири и во други земји. Во текот на викендот официјални лица изјавија дека турбуленциите на берзата веќе исчезнале. Според нивните зборови финансиските пазари на Народната република повторно се стабилни.

Централната банка ја нарече интервенцијата на државата на берзата "успешна". Системските ризици се спречени, а слободното паѓање на акциите е прекинато, се вели во соопштението на гувернерот на централната банка Џоу Сјаочуан објавено во неделата во сајтот на централната банка, пренесува Ројтерс.

Исто така и девизниот курс на националната валута јуанот во однос на доларот повторно практично е стабилна, изјави Џоу Сјаочуан по средбата на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г-20 во Анкара. За време на дводневниот самит централна тема во дискусиите освен бегалската криза во Европа беше и ситуацијата во Кина.

Од постигнатиот во јуни седумгодишен врв кинеските акции загубија речиси 40 отсто од својата вредност. Пазарната капитализација во износ од 5 трилиони долари беше уништена на берзите на континентот. Следствено на тоа, само во рамките на месецот централната банка ги намали пет пати основните камати. Со мерките таа има намера да го стимулира бавниот економски раст на народната република. Сепак девалвацијата на валутата беше вистински шок за светскиот девизен пазар, а валутите на пазарите ставени во надолна спирала.

Стравувањата од пренесување на "кинеската болест" врз остатокот од светот се отфрлени во мислењето на централната банка, која го наведува како причина девизниот курс на странската валута. Девалвацијата на јуанот е имала само краткорочен карактер. По интервенцијата односот повторно било речиси "испеглан".

Исто така приспособувањата на берзата не се одразиле на реалната економија. Во соопштението на Централната банка се цитира и министерот за финансии на земјата Лу Сивеи, кој вели дека економијата на земјата се развива според очекувањата. "Кинеската економија ќе се развива во наредните четири до пет години со просечен годишен раст од 7%", наведува Лу за време на средбата во Анкара. Покрај тоа, тој навести дека Кина нема да отстапи од овој пат на реформите. "Ние ќе ги продолжиме нашите стабилни макроекономски политики", рекол тој.

Слично

Поврзани вести