Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИНА СТАРЕЕ: Работноспособното население се „топи“

КИНА СТАРЕЕ: Работноспособното население се „топи“

Во Кина е регистрирана најниската стапка на наталитет. 

Стапката на наталитет во државата падна на најниско ниво од основањето на Народната Република пред 70 години. Резултатот е ваков и покрај ублажувањето на „политиката едно дете“.

Во 2019-та година имало 10,48 родени деца на илјада жители, најмалку од 1949-та година. Податокот го објавија од кинескиот државен завод за статистика. Бројот на деца родени во 2019-та година се намалил за 580 илјади, на 14,65 милиони.

Работноспособното население, се намали во однос на 2018 година на 896 милиони, а бројот на лица над 60 години е зголемен за 4,39 милиони и претставува 18,1 отсто од вкупното население.

Слично

Поврзани вести