Кина спроведе нови офанзивни борбени вежби во близина на Тајван
Кина спроведе слични вежби на крајот на декември, а потоа Тајван објави дека 43 кинески авиони ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец.
Кинеската армија соопшти дека вчера извршила офанзивни борбени вежби во близина на Тајван. Ова се втори вакви вежби со разлика од помалку од еден месец.
Според соопштението на Источната команда на Народноослободителната војска, кинеската војска организирала „заеднички патроли за борбена готовност и борбени вежби“ во морето и воздушниот простор околу Тајван. Се наведува дека целта на вежбата била „да се тестира заедничката борбена способност за спротивставување на провокативните акции на надворешните сили и сепаратистичките сили за независност на Тајван“.
Засега нема одговор од Тајван, кој кинеската влада го смета за своја територија. Инаку, Кина спроведе слични вежби на крајот на декември, а потоа Тајван објави дека 43 кинески авиони ја поминале централната линија на Тајванскиот теснец, неофицијалната тампон зона меѓу двете страни.
Да потсетиме, Кина во август организираше воени игри во близина на Тајван, откако тогашната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ја посети земјаta.
