КИНА ГО СЛАВИ СВОЈОТ НАЦИОНАЛЕН ДЕН, ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ Е ПОЧЕСЕН ГОСТИН: Македонија и Кина 30 години градат цврсти односи
Кина слави 74 години Национален ден и по тој повод на свеченоста во „Александар Палас“ гости беа екс претседателот Ѓорѓе Иванов, екс амбасадорот на Македонија во Бразил Ивица Боцевски, поранешниот ректор на УКИМ, Никола Јанкуловски и други.

Беше кажано дека Кина е најголем трговски партнер на Македонија, надвор од ЕУ.
Амбасадорот на НР Кина, Џанг Ѕуо изјави дека има силна соработка на културен план, а сега се засилува и соработката во медиумите. Двете земји имаат дипломатска соработка веќе 30 години.






фото Фактор
Слично
