Кина сепак не даде податоци за потеклото на коронавирусот
Кина сепак не ги даде сите податоци за потеклото на коронавирусот.
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус денес изјави дека инспекторите што го испитуваат потеклото на коронавирусот во Кина не добиле пристап до главните податоци од првиот ден на ширењето на вирусот и ја повика Кина да дејствува потранспарентно. Вели дека на милиони луѓе им должат информација за потеклото на овој опасен вирус.
Експертите предводени од СЗО поминаа четири недели во и околу градот Вухан со кинески колеги по што во заедничкиот извештај во март напишаа дека вирусот, најверојатно, се има пренесено од лилјак на човек преку друго животно.
„Ја повикуваме Кина да биде транспарентна и отворена за соработка“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус.
Кина ја нарече апсурдна теоријата дека вирусот избегал од лабораторијата во Вухан.
Тедрос утре ќе ги извести 194-те члена на СЗО за предлогот да се направи втора фаза од студијата.
Вирусот се појави кон крајот на 2019 година во Кина, но уште зема животи ширум светот.
